Први резултати од истрагата за трагичната несреќа на Коби Брајант

 

Првите резултати од истрагата на хеликоптерот Сикорски-С76Б кој се урна во Калифорнија и во него загина кошаркарската легенда Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица покажала дека нема видливи показатели дека станува збор за механичка грешка и дека откажување на моторите би можеле да ја предизвикаат несреќата.

Националната агенција за безбедност во сообраќајот (НТСБ) објави прелиминарни резултати од истрагата на остатоците од урнатиот хеликоптер, најавувајќи дека конечниот извештај за трагедијата што се случи ќе биде познат за една година.

Според тоа што досега го објавија од НТСБ, пресечена гранка од едно дрво на местото каде што се урна хеликоптерот упатува на заклучок дека моторите и роторот на хеликоптерот работеле до самиот момент на ударот. За што точно станува збор како причина за несреќата од НТСБ и истражителите допрва ќе утврдуваат, па сега само објавија детали за да се отстранат шпекулациите дека причина за падот е механичка грешка.

Агенцијата „Асошиетед Прес“ објави дека НТСБ во својата објава амо посочила факти од информативен карактер, а не заклучоци за причини за падот. НТСБ посочи дека пилотот Ара Зобајан (56) бил искусен пилот, кој има преку 8.200 часа лет и дека поседувам дозвола за летови во екстремни услови со користење исклучиво на инструментите на хеликоптерот, без комуникација со контролата на лет. Зобајан бил пилот и на други ѕвезди, како Кавај Ленард или ријалити ѕвездата Кајли Џенер.

Според „АП“, хеликоптерот во кој загина Брајант и е стар 20 години, немал систем за предупредување дека леталото се наоѓа преблизу до земјата (ТАВС), а иско НТСБ да препорака да се иснталира во секој хеликоптер од федералната администрација за авијација (ФАА) таа обврска ја наметнале само за хеликоптерите на итната помош. Но, засега нема конкретни сознанија, дали ако имало таков систем ќе била избегната несреќата на Брајант, а се додава дека овој хеликоптер немал обврска да „носи“ црна кутија.

Инаку, сведоци од тешката несреќа на истражителите на НТСБ посочиле дека хеликоптерот низ магла летал кон земјата, а после несреќата контролната табла на леталото е уништена и најголемиот дел од инструментите биле расфрлани, па сега сето тоа што е собрано ќе оди на дополнителни истраги.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега