Барем оние кои се здрави уживаат: Карантин на крузерот со прошетки, филмови и луксузна храна

 

Екипажот на крузерот „Дијамндска принцеза“ се потруди патниците на крузерот на кој има утврдено уште 66 нови случаи на корона вирус, да им дозволи да прошетаат на јапоснкиот брег.

Патниците уживале во разврсната храна, прошетка по палубата, секако на смени, гледале филм во ТВ салите и биле забавувани со магионичарски трикови, а имале и можност во живо да го следат доделувањето на Оскарите.

Судејќи по ова патниците на крузерот од кои 136 се заболени, според објавите на социјалните мрежи се во добро расположение и уживаат во услугите кои им се нудат на крузерот.

„Крузерот го подига нивото на услугите со храна, ќе мораат да ме одвлечат на сила од овде кога ќе поине се“ напишал еден од патниците на бродот и споделил фотогафија од димен лолос и чоколадна торта.

“Пресреќна сум дека имав можност да го следам доделувањето на Оскарите“ напишала друга патничка.

Засега се чини дека патниците се среќни и задоволни со привилегиите кои ги добиваат и продолжениот одмор, чекајќи ги упаствата на министерството за здравје. Барем оние кои се здрави уживаат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2020 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега