Венеса Брајант Скршена: „Зошто да се будам јас, а мојата Џиџи не- одбивам да верувам дека Коби замина“
Ванеса Брајант, сопруга на Коби Брајант, легендарниот кошаркар кој неодамна загина со својата ќерка и девет други во хеликоптерска несреќа, сè повеќе ѝ се обраќа на јавноста. Нејзините пораки покажуваат колку ѝ е тешко да се справи со големата загуба на нејзината ќерка и сопруг.
„Не сакам да ги пренесувам моите чувства со зборови. Мојот мозок одбива да прифати дека Коби и Џиџи ги нема. Не можам да ги процесуирам двајцата во исто време. Тоа е како да се обидувам да го процесуирам заминувањето на Коби, но моето тело одбива да прифати дека мојата Џиџи никогаш нема да ми се врати. Јас сум толку лута. Имаше толку многу да проживее. Тогаш сфаќам дека морам да бидам силна и да бидам тука за моите три ќерки. Тоа е дел од процесот на тага “, напиша Ванеса, пренесува „Аваз“.
Споменот за Брајант и Џиџи ќе се одржи на 24 февруари во центарот „Стејплс“, во салата во која еден од најголемите кошаркари помина 20 години од својата кариера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа