Додека Клоп се бори за помалку натпревари, претседателот на Ливерпул заговара нов турнир

 

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, водеше војна против згуснатиот распоред на дуели во обид да им олесни на своите играчи, но излегува дека оваа идеја не ја дели претседателот на клубот, Том Вернер.

„Сан“ тврди дека во јануари американскиот шеф на тимот од Мерсисајд присуствувал на состанокот со други колеги од поголемите европски клубови, на кои се разговарало за создавање на нов турнир. Се работи за претсезонско натпреварување, слично на „Интернационалниот Куп на шампиони“, кое се одвива веќе неколку години.

На овој турнир, на кој учествуваат Ливерпул веќе неколку години, некои од најпопуларните тимови играат едни со други низ целиот свет. Сега предлогот е за нешто како „надградба“ на турнирот со вклучување на повеќе тимови и следствено на тоа да се играат повеќе натпревари.

Важен предуслов е учесниците да се потпираат на своите силни играчи и да не прибегнуваат кон употреба на резерви и адолесценти.

Дискусијата била иницирана од американскиот милионер и сопственик на американскиот фудбалски клуб, Стивен Рос, кој, исто така, го организира „Интернационалниот Куп на шампиони“.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега