Холивудската актерка повторно претепана од своето момче - полицијата затекнала ужасна сцена
Триесетгодишната холивудска актерка Хајден Панетијер наводно на Денот на заљубените била претепана од своето момче Брајан Хикерсон, после што тој бил уапсен поради семејно насилство.
Полицијата соопштила дека актерката имала црвено и отечено лице, како и изгребана рака, а самата го обвинила Хикерсон дека ја удрил со рака по лице.
Нападот го пријавиле соседите кога го виделе Брајан како вознемирено се движи по дворот откако русокосата го исфрлила од дома.
„Го уби Бог во мене“, викала Хајден во моментот кога дошла полицијата, додека Брајан велел дека не сакал да биде обвинет за некакви глупости.
Оваа не е првпат оваа 30-годишна актерка да биде жртва на агресијата на Брајан - во мај минатата година полицијата исто така интервенирала.
Тогаш Брајан наводно ѝ удрил шлаканица, а таа тогаш на органите им признала дека Брајан ја тепал и претходните денови, што дури ѝ течело и крв од нос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа