„Не успеав да го спасам бракот“: Елена Велевска сепак се разведува

 

Во август 2018 година одекна веста дека Елена Велевска се разведува од нејзиниот сопруг Марјан, што многумина ги изненади оваа вест со оглед на тоа дека Велевска во своите интервјуа потенцираше дека сопругот и е голема поддршка.

Велевкса и јавно проговри и откри дека причината за разводот била семејно насилство, но само три месеци подоцна таа откри дека со сопругот одлучиле да се смират и да го спасат бракот.

Меѓутоа, изгледа Велевска и Марјан не успеале да најдат заедничко решение за брачните проблеми и недоразбирања, па пејачката дефинитивно се разведува.

За естрадниот магазин „Бекстејџ“, таа истакна дека разводот е во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега