Азар мора на операција, неизвесен е настапот на ЕУРО 2020
Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, неодамна се врати на терените по паузата од три месеци, но повторно се повреди.
Азар мака мачи со повредата на зглобот која ја доби на натпреварот против ПСЖ. Но, минатиот викенд, Белгиецот се здоби со нова повреда која ќе го тргне од теренот во наредните два месеци.
Белгиецот играше против Леванте нешто повеќе од еден час, а потоа Зидан беше принуден да го замени затоа што се пожали на повреда. По лекарските прегледи, откриено е дека има пукнатина во долниот дел на десната нога, што воедно е нов шок за „Кралевите“.
Како што информира шпанска „Марка“, која е добро запознаена со внатрешноста на Реал, последните медицински прегледи покажуваат дека на Азар ќе мора да му биде извршена операција се со цел да се отстрани проблемот кој го измачува.
Целта на Азар е да се опорави до почетокот на Европското првенства, а лекарите се уверени дека тој ќе биде подготвен ако закрепнувањето оди според планираното.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа