ВМРО-ДПМНЕ: Заев е главата на криминалниот октопод и шеф на мафијата

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод и шеф на мафијата. Зоран Заев ја закопа правдата во Македонија, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев три години кроел обвиненија и диктирал пресуди. Снимката која ја слушна јавноста покажува дека Врховен носел пресуди по “трас трас” системот на Заев, а за целиот процес запознаена била и Катица. Одговорност за Заев мора да има. Заев мора да одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, но не со ова обвинителство, туку со обвинителство во кое ќе бидат обвинители предложени од експертската јавност, луѓе кои уживаат кредибилитет во фелата и имаат интегритет“велат во соопштението.

Од партијата велат дека во Врховниот суд  на Република Македонија мора да има итна и неодложна ревизија на работата на судиите. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребни се оставки и одговорност пред законите.

„Неопходна е и итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализирање на реформите. Македонија нема повеќе време за губење. На 12 април следува крај на мафијата. По 12 април почнува обновата“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега