Богоевски: Законот за ЈО е далеку од совршен

Поранешниот пратеник Павле Богоевски вели дека се донесе Закон за јавно обвинителство кој не одговара на она што и е потребно на Македонија за реформи во правосудството.

– Далеку од тоа дека Законот за Јавно обвинителство е совршен и дека со него е спроведена потребната реформа. Но беше неопходно тој да биде донесен пред изборите. Она што е битно е дека со тој закон се овозможи континуитет на започнатите предмети на Специјалното јавно обвинителство, и фактот што се донесе закон според кој обвинителите не ги бираат политичарите, туку се бираат од страна на обвинителската фела, рече Богоевски.

Тој нагласи дека она што не му се допаѓа кај овој закон што тој процес за избор на нови обвинители е затворен за професорска фела и експертите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега