СДСМ: Со Законот за ЈО одговорност ќе има за оние што го смислиле и направиле „Скопје 2014“,

„Се уште се чувствуваат последиците од криминалното и неодговорно работење на ВМРО-ДПМНЕ, и бегалецот од правдата Никола Груевски, кој потроши милиони евра народни пари за проектот „Скопје 2014“, составен од лажен барок, жални врби и споменици.

Криминалниот проект „Скопје 2014“ не го издржа ниту налетот на ветрот и барокните фасади од стиропор почнаа да летаат, загрозувајќи ги граѓаните“, велат од СДСМ.

„Усвојувањето на Законот за ЈО, кој обезбедува продолжување на предметите на СЈО, меѓу кои и предмети поврзани со проектот Скопје 2014.

Одговорност ќе има за оние кои го смислиле и направиле криминалниот проект „Скопје 2014“, кој се покажа дека е опасен и по животот на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега