Мицкоски и неговото семејство донирале 30.000 евра за ВМРО-ДПМНЕ минатата година

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неговата сопруга Роза Мицкоска и неговиот татко Иван Мицкоски донирале вкупно 1.800.000 денари или скоро 30.000 евра за партијата во текот на минатата 2019 година, дознава „Фокус“.

 

Според податоците што од партијата ги доставиле за „Фокус“, лидерот Мицкоски и двајцата членови на неговото семејство уплатиле идентични донации од по 600.000 денари, односно секој по околу 10.00 евра.

Притоа, тие ги извршиле уплатите на самиот истек на годината, односно Мицкоски и неговата сопруга тоа го сториле на 17 декември, додека неговиот татко на 27 декември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега