Заев и Касами ја потппишаа Декларацијата за првата македонско-албанска предизборна коалиција

СДСМ и Движењето БЕСА го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите околу програмата, но носителите на изборните листи. Тие денеска потпишаа Деларација за заеднички настап на изборите на 12 април. 

Ова е прва предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

„СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција“ наведоа двајцата лидери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега