Мицкоски: СДСМ Бога молеа да се појави коронавирусот за да не може ВМРО-ДПМНЕ со народот да протестира
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали со оглед на новонастанатата ситуација со вирусот Ковид-19 ќе излегуваат на протести, обвини дека власта е среќна што има коронавирус за да не може опозицијата да излезе на улица.
„Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот за да ВМРО-ДПМНЕ не го мобилизира народот во оваа држава. Они молеа бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ не изгледува со народот и да протестира против едно лицемерие кое што денеска е секојдневие во Македонија за жал. Чекорите на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период благовремено ќе ги презентираме пред јавноста“, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа