Заев до Мицкоски: Никако не можете да се одлепите од Груевски, вие сте негов извршител

На вечерашното телевизиско соочување на Канал 5 телевизија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев го повика Христијан Мицкоски да се огради од Никола Груевски, но Мицкоски одбегна да го направи тоа, соопштуваат од СДСМ.
 
- Како што го гледам ова сега, ВМРО-ДПМНЕ не може да направи разлика меѓу извршна, законодавна и судска власт. Не можете да се одлепите од матрицата на Никола Груевски, цело време зборувате исто како него. Тоа е тоа што го гледа и јавноста, извршител сте на Груевски или еден инструмент со кој диригира Греувски, истакна претседателот Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ обраќајќи се кон Христијан Мицкоски.
 
Еднаш, треба да се оградите од Груевски, еве ви прилика, јавно пред камерите, директно оградете се од Груевски, кажете јас се оградувам од Груевски и да расчистиме со таа работа, порача претседателот Заев.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега