Мицкоски: Преодниот период е од пет години на примена на Договорот, што трчате да ги менувате имињата?

Иницирав јас од партиска говорница да го ратификуваме Договорот за влез во НАТО предвреме и тоа така се случи, се изгласа пред распуштање на Собранието. А реалноста која мора да ја живееме е резултат на капитуалнтскиот договор со Грција на Заев, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот на телевизија Канал 5 со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Мицкоски посочи дека никаде во Договорот не стои како треба да ја именуваме Македонија.

-Тоа е таа реалност. Каде во Договорот стои како да ја нарекуваме Македонија? Нема нова табла во министерството за труд и социјала каде беше министер Рашела Мизрахи, како и во министерството за образование. Тоа што го направија со разрешување на Мизрахи беше груба провокација кон ВМРО-ДПМНЕ. Мизрахи достоинствено се однесуваше за време на разрешувањето кое беше брутално, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ појасни што е предвидено во Договорот.

-Употребата на името ќе започне при отворањена секое поглавје во релевантното поле. Тоа е предвидено, не знам зошто брзате со промена и си со менување на имињата, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега