Девојка откри како по природен пат успеала да добие задник како оној на Ким Кардашијан
Девојка од Австралија, Рејчел Дилон решила да открие како по природен пат успеала да го обликува и затегне задникот.
Иако е клучно да воведете вежбање во секојдневата рутина, Рејчел истакнува дека не би успеала да ги постигне овие резултати доколку во својата исхрана не вклучила протеини.
Таа со години била на различни диети, го ограничувала внесувањето на храна, конзумирала пијалоци без шеќер, но во потполност го занемарила внесувањето на месо.
-Внесував по 1200 калории,а нималку протеини- рекла таа.
Таа денес е фитнес модел и вели дека треба да се конзумира храна само 8 часа во текот на денот, а после 19 часот да се избегнува.
Нејзиниот појадок е составен од протеинска овесна каша со путер од бадем и замрзнати боровинки. Обично туна и ориз за ручек. Кога сака благо, избера јогурт со малку маснотии и за вечера лосос заедно со компири, ориз и зеленчук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа