Официјално: Борко Ристовски и Марко Мишевски се враќаат во Вардар

 

Борко Ристовски и Марко Мишевски до крај на сезоната во дресот на Вардар, официјално соопшти РК Вардар.

Двајца играчи од денеска ќе бидат на располагање на тренерот Стевче Алушовски и до крајот на сезоната ќе го носат дресот на Вардар.

На голманската позиција доаѓа репрезентативецот на Македонија, Борко Ристовски, а на бековската позиција „старо-нов“ играч е Марко Мишевски.

И двајцата и во минатото беа дел од Вардар, а сега потпишаа договор за соработка до крај на оваа сезона. И двајцата денеска ќе го имаат првиот тренинг со екипата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2020 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега