ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев на пензионерите им скратија 400 денари

Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и Ане Лашкоска заедно со претседателот на Општинскиот комитет Прилеп вечерва се сретнаа со пензинерите од тој град.

-Над 10.000 пензионери од Прилеп и прилепско се оштетени од оваа власт на СДСМ и Зоран Заев кои им скратија по 400 денари од она што им следуваше како покачување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, пензиите растеа и според растот на трошоците за живот, и според растот на платите, а СДСМ и Мила Царовска го укинаа тоа.

-Во периодот кога пензиите се пресметуваа и според растот на платите и според растот на трошоците за живот, пензиите пораснале за 35%, односно од 10.273 денари достигна до 13.879 денари. Односно месечен раст од 0,4% месечно.“ Во периодот кога СДСМ, Царовска и Заев ја сменија методологијата, растот на пензиите од овие 13.879 денари достигнува до 14.572 денари, за нецели 5%. Односно раст од 0,18% месечно. Значи наместо 0,4% има раст од 0,18% месечно! Значи, Заев и Царовска на пензионерите им скратија половина од растот на пензиите, односно повеќе од 2,2% месечно. Врз ова, дополнително беше укинат и растот од 5% годишно што беше случај во 2014, а следеа 2015 и 2016 година, а СДСМ во 2017 година го укина. Пензионерите знаат дека се жртва на неуспехот и измамите од Зоран Заев, се вели во Фејсбук објавата.

03.03.2020 - 20:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега