ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговата влада на граѓаните им сервираа порази, понижувања и лажни ветувања

 

Зоран Заев и неговата криминална влада во изминативе три години ништо не направија. Оваа влада единствено сервираше на граѓаните лажни ветувања, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ,  

„Датумот за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, Македонија требаше да го добие многу порано. Единственото нешто кое СДСМ го направи изминатите три години е тоа што го промени уставното име на државата. Граѓаните на Република Македонија од Заев добија порази и понижувања. Крајот на поразите, криминалот и корупцијата се ближи. На 12-ти април граѓаните ќе го казнат Заев за сиот криминал што го стори додека беше на власт. Граѓаните на  12-ти април ќе му порачаат Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе!“ се наведува во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега