Таравари: Аплаудирам на овој потег, промената на имињата на училиштата требаше да се направи порано

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, одговори на прашањето на новинарите за промената на имињата на училиштата во Чаир. Таравари истакна дека промената на имињата требало да се направи порано, со оглед дека ДУИ ја имала оваа можност 18 години.

„Не ги смени имињата на училиштата 18 години, имајќи ја целата власт во нивни раце, како локалната, централната, и сите други инструменти не успеа да ги смени имињата на училиштата. И сега еден месец пред изборите, имињата се менуваат. Аплаудирам на овој потег, иако требаше да се направи многу порано, не сега“, рече Таравари.

Тој додаде дека оспорувањето на владејачкиот партнер на ДУИ е неправилно наспроти албанското население, нарекувајќи ги нивните активности политички игри за манипулација.

Таравари, исто така, истакна дека покрај менувањето на имињата, ДУИ требало да се занимава и со училишната инфраструктура, хигиена и условите, така што, како што кажа, албанските училишта не би завршиле во мизерни услови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега