Мицкоски: Заев со изјавите за смена на имињата на училиштата почна да ги соборува и сопствените рекорди во лагите

Зоран Заев нема зошто да го коментирам, бидејќи неговите изјави почнуваат и да ги соборуваат неговите лични рекорди, гледаме дека за помалку од еден ден почнуваат да се менуваат изјавите. Но тоа е тоа некоја тема мора да биде тема за да се сокријат сите оние криминални активности, корупција, неиспорака која што се случуваше овие три години.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето- кој е неговиот став за промената на имињата на двете училишта во општина Чаир и како го коментирате тоа што Зоран Заев вчера рече дека тоа е незаконска постапка, а денес вели дека е законска?

-Инаку, апсолутно нашата советничка група во рамките на советот на општината гласаше против. За нас ставот е дека тоа е направено на незаконит начин, начин на кој што се силуваат процесите во државата и сето ова се случува во предизборен период кога јавноста е сензибилизирана,  кога граѓаните се сензибилизирани. Апсолутно не ја гледам потребата вакви работи да се прават сега кога навистина никој нема од сета оваа работа полза. Едноставно се доведуваме сите ние во една таква позиција, кога ќе треба  практично зборуваме на теми кои што не се добри, ниту за една етничка заедница која што е во Македонија. Она кое што сум го кажал во минатото ќе го повторам и денеска, Зоран Заев со неговото однесување скандалозно направи најголемата етничка заедница во Македонија, македонскиот народ се чувствуваат граѓани од втор ред во сопствената држава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега