Арсовски: Македонија со Заев стана вистински режим, пресудата за Митовски единствен случај на осуден новинар во Европа

Хибридниот режим на Заев денеска стана вистински режим кој што во моментов ни се случува во државата. Македонија денес е единствена држава во Европа каде што новинар е осуден на казна затвор само заради пишан збор. Условот кој што Кацарска судството и Русковска обвинителството му го даваат на новинарот за да не оди зад решетки е да престане да пишува за рекетот на криминалниот клан на фамилијата Заеви, на Зоран Заев и да престане да трага по вистината односно да не говори за најголемиот коруптивен скандал што ја тресе Македонија. На овој начин Заев се обидува да си обезбеди уште една амнестија. И кога постои страв и закани од казни во медиумите, Заев се надева дека ќе се сокрие неговата улога во случајот „Рекет“ и ќе се покријат сите скандали во истрагата кои треба да ја избришат трагата која што води кон главата на октоподот, а сите знаеме дека главата на октоподот е на Илиденска бб, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Казната затвор од 6 месеци за уредникот на „Инфомакс“ е доказ за едноумието кое сака да го наметне Зоран Заев. Заев нарачува, Русковска обвинителството ќе го спроведува, додека пак Кацарска судството пресудува. Еден е аршинот на судот кога треба да се замолчат медиумите, а друг е кога се работи за Курто Дудуш кој за физичко насилство и нанесување на тешки телесни повреди помина само со усна опомена. Заев и спрегата во судската власт сакаат да ги замолчат медиумите кои се критички настроени кон власта, кои секојдневно ги критикуваат лошите политики. Кои ги објавуваат скандалите за Заев, но и пишуваат за криминалот и корупцијата која што владее во државата. Толку од демократските и европските вредности на фамилијата Заеви и на Зоран Заев. Заев го боли што вистината за неговиот режим излегува на виделина и затоа овој чекор е чекор на исплашен, очаен и истрошен политичар кој што по 12-ти април заминува во историја и продолжува понатака да одговара за сите криминали кои што ги има направено. Зоран Заев сака во Македонија да постои медиумски мрак и никој ама баш никој да не пишува и никој од граѓаните да не дознае за криминалните тендери, растечката корупција или за фактот дека токму тој е главата на криминално рекетарскиот октопод, вели Арсовски.

Тој додава дека да потсетиме дека новинарот Александар Митовски е осуден поради тоа што изнесе на виделина докази кои се од јавен интерес во кои постојат сериозни индиции дека Зоран Заев ги предупредил Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски –  Кичеец дека се откриени во криминалниот случај „Рекет“.

-Зоран Заев може да заплашува, да се заканува со тужби, па дури и да осудува новинари, но нема да го спаси од судот на народот кој што следува на 12-ти април. После 12-ти април ќе одговара за сите злодела против демократијата, слободата на говор, слободата на медиуми и слободата на мислата. А, покрај него и сите останати функционери на СДСМ, за кои што во моментов кривичните пријави се чуваат во фиока и случаевите не се отвораат, кои што беа поднесени до ЈО, вели Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега