Трипуновски: Власта лаже, не е откупен целиот тутун
Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски денеска беше во посета на селата Али Коч и Коџалија.
-Денеска ме побараа тутунарите од Али Коч и Коџалија да ми се пожалат дека тутунот им останал непродаден заради нереалната проценка и обезвреднување на нивниот труд. Само во овие две села се останати околу 100 тона неоткупен тутун. Ова е само еден од примерите на кои посочував цело време додека траеше откупот на тутун. Џабе му се фалбите на Трајан кога имаме многу случаи на разочарани тутунари низ цела Македонија, а казната за тоа ќе ги стигне на 12 април, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа