Бразилците го избраа екс-ју тимот од соништата - во него нема место за Македонци

 

Кога поранешните југословенски републики би се здружиле денеска би направиле тим кјо би можел да стигна многу далеку во секое натпреварување, пишува бразилскиот и јужноамерикански печат. 

Од 6-те екс-ју републики само БиХ  директно ќе учествува на мундијалот во Бразил наредната година а Хрватска ќе се обиде да го направи тоа преку баражот. Србија, Ц.Гора, Словенија и Македонија не успеаја да обезбедат пласман. 
Јужноамериканските медиуми направија состав на најдобрите играчи од поранешните републики на СФРЈ со исклучок на Македонија ?
Составот изгледа вака.  Голман: Хандановиќ (Словенија, Интер), одбрана: Бранислав Ивановиќ (Србија, Челзи), Немања Видиќ (Србија, М.Јунајтед), Невен Суботиќ (Србија, Б.Дортмунд) и Емир Спахиќ (БиХ , Баер Л.)
Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Реал М.), Иван Ракитиќ (Хрватска , Севиља) и Миралем Пјаниќ (БиХ, Рома). 
Напад: Стеван Јоветиќ (Ц.Гора, Манчестер Сити), Марио Мнџукиќ (Хрватска, Баерн М.) и Един Џеко (БиХ, Манчестер Сити). 
Не знаеме од кои причини не е вклучена Македонија иако реално има место и за нашиот капитен Горан Пандев кој со Лацио, Интер и Наполи освои многу трофеи. 
Поранешна Југославија учествуваше на 8 Светски првенства од Уругвај 1930 до Италија 1990. 
Весникот „Ел Телеграфо’ потсетува на интересен податок дека Дејан Станковиќ играл за три репрезентации- Југославија на СП во Франција 1998, Србија и Ц.Гора во Германија 2006 и Ј.Африка во 2010г.
18.10.2013 - 23:28

најчитано сега