Зијадин Сеља носител на листа во шестата изборна единца, Африм Гаши во втората

Лидерите на политичките партии Алијанса за албанците и Алтернатива кои ќе настапат во коалиција на претстојните избори ќе ги предводат лиситите со кандидатите во две изборни единици. Комлетните листи ќе бидат објавени утре, ова се двете поважни одлуки на Централното собрание кои вечерва се донесоа во Гостивар.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Сеља по собранието кажа дека партиските органи решиле тој да го направи конечниот список на кандидати и дали ќе се настапи во четвртата изборна единица.

– Јас ќе бидам носител на кандидатската листа во шестата изборна единица, а нашиот партнер Африм Гаши во втората изборна единица. Највиското партиско раководство реши да поднесеме листи за вкупно пет изборни едници, првата, втората, третата, петтата и шестата, а за четвртата изборна единица, можноста ќе биде отоврена. Кончената одлука ќе ја донесеме до утре, рече Сеља.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега