Дибала раскажа за коронавирусот: Не можев да дишам

 

Паоло Дибала, фудбалер на Јувентус, пред неколку дена објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирусот.

Тој во разговор со клупскиот сајт откри дека имал многу силни симптоми.

Сепак, сега се чувствува многу подобро.

-Имав многу силни симптоми, но веќе денеска се чувствувам многу подобро. Можам да се движам, одам, па дури и да тренирам. Едвај дишев, не можев да направам ништо по пет минути. Ме болеа мускулите. За среќа, Оријана и јас сега се чувствуваме многу подобро, рече Дибала.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека братот на Дибала, Густаво е предмет на полициска истрага поради кршење на мерките за карантин во Кордоба.

Него го обвиниле соседите дека ги кршел правилата, а во самоизолација бил само два дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега