Јавен повик за инвеститор за поранешната фабрика „Цветан Димов“
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска изјави дека до крајот на месецов планирано е да се распише јавен повик за изнаоѓање на стратешки инвеститор, кој ќе го купи земјиштето кај поранешната фабрика за сапун „Цветан Димов“ во општина Кисела Вода.
- До крајот на овој месец ќе има јавна објава за продажба на градежно неизградено земјиште, со која ќе се овозможи на идниот стратешки инвеститор да го купи земјиштето и да изгради современ објект, изјави министерот Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање по увидот на градежните активности за изградба на атмосферска канализација во Драчево задено со градоначалничката на општина Кислеа Вода Билјана Беличанец - Алексиќ.
Крајниот рок за доставување на елаборатот е јуни 2014 година.
Градоначалничката Беличанец – Алексиќ информираше дека процесот за легализација во Кисела Вода се одвива со добра динамика, откако кадровски се доекипираше одделението за легализација и се зголеми бројот на комисии кои излегуваат на терен.
- Воведовме пракса за делење решенија на неделна основа, каде ги информираме граѓаните за крајниот рок на процесот на легализација. По воведувањето на оваа пракса, резултатите се видливи и доделуваме околу 45 решенија за легализација на неделна основа, изјави Беличанец – Алексиќ.