Заев: Факторот за ширење на зараза од коронавирусот се уште е мал, досега успешно се справуваме со кризата

 

За справување со кризата има еда глобална анализа, по која се води и нашата држава. Светот со оваа криза се справува на два начина, едниот го нарекуваат чекан, а другиот танц, истакна претседателот Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5
 
„Чеканот значи комплетно затворање, целосен полициски час, комплетно затворање дома и тоа го имаат применето многу малку земји, а над 90 отстого имаат одбрано танцот, се договараат владите со стопанството, со работниците, со народните банки, се додека не заврши  на здравствената криза. Тука им  Р фактор односно ширење на заразата. Ако тој Р фактор е поголем тогаш треба да се прибегне кон чеканот. Ние засега, споредено со други земји успешно „танцуваме“ затоа што кај нас Р факторот е се уште низок, ако се зголеми нагло ќе мора да ги стегнеме мерките. Верувам дека благодарени на стручните луѓе на институциите успешно се справуваме со кризата. Драго ми е што луѓето им веруваат на инстутциите и така треба да продолжиме, заклучи Заев.
Граѓаните треба да знаат дека државата е тука за нив во услови на оваа глобална пандемија, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.
 
Ние сме тука рамо до рамо со граѓаните да им помогнеме, порача Заев, додавајќи дека граѓаните имаат серизона доверба во владата, која максимално е посветена прво на здравствениот дел, а потоа на економскиот дел на решавање на кризата.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега