Серафимовска: Бараме укинување на државната матура за учебната 2019/2020

Во ек на светска пандемија и целосна блокираност на образовниот систем, македонската влада импровизира и си игра со иднината на илјадници ученици,  истакна на денешната прес-конфренција Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека партијата веќе една недела алармира за потребите од итни мерки за наставно образовниот процес, а власта не презема ништо.

-Немаме време за импровизации. Иднината на илјадници ученици зависи од одлуките што ќе бидат донесени во наредните неколку дена. ВМРО-ДПМНЕ бара итно укинување на државната матура за учебната 2019/2020 година за сите ученици. Донесување Уредба со која ќе се овозможи запишување на факултет без матура за сите ученици кои завршиле средно образование во оваа учебна година. Оние ученици кои заради понатамошниот образовен процес, надвор од Република Македонија имаат потреба од полагање на матура, истото да можат да го сторат во септември. Учениците не смеат да бидат жртви на непромисленоста на Владата. Очекуваме итно укинување на матурата. Учениците пред се, нагласи Серафимовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега