Мицкоски: Од Словенија пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоски на својот фејсбук прпфил напиша дека денес на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија.

„Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанес Јанша. Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред се се осврнавме на заедничките предизвици со пандемијата на корона вирусот, со кој се соочуваат двете држави. Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија.

Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија, Јанша за помошта и тоа што за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија. Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија“ напиша Мицкоски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега