ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки се несериозни и само ја продлабочуваат економската криза

Зоран Заев и неговите функционери си танцуваат со пандемијата, а граѓаните се борат со сиромаштијата обидувајќи се да го преживеат месецот, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мерките кои денес ги промовира замениците министри Бајрактар и Шкријељ се неиздржани и нереални, со цел уште еднаш да биде изманипулиран народот.

Најефикасна помош за граѓаните е Заев и неговите соработници да ги остават суетата и политиканството на страна и да ги прифатат мерките предложени од ВМРО ДПМНЕ за спас на економијата и работните места. Доколку владата во најбрз можен рок не се согласи да ги разгледа и имплементира предлозите, тогаш 33000 работници од областа на туризмот и угостителството ќе бидат принудени да останат без работа, односно без месечни примања со што ќе станат социјални случаи. Таков несериозен пристап кон решавање на проблемите е недозволив и владата мора што побрзо да се свести и да почне да делува во насока на помош на граѓаните.

Дополнителната дупка во буџетот и лошите мерки се резултат на неработењето и несериозноста на владата.

Незаинтересираноста на владата предводена од СДСМ во врска со работниците кои во овие моменти се соочуваат со откази и без месечни примања докажува само дека владата предводена од СДСМ единствено се занимава со тендерите и богатењето на своите соработници. Игнорантскиот однос мора да заврши“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега