Мицкоски: В понеделник пристигнува помош од уште една пријателска земја на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Само интервју“ истакна дека преку телефонски разговори се обидувал да обезбеди помош за медицинските лица од сестринските партии.

-Навистина жалам што тие луѓе се наоѓаат во една таква незавидна ситуација, она што можеме ние како опозиција, јас како човек како политичар, како претседател на најгоелмата политичка партија да го направам секогаш сум тука и стојам на располагање. Се обидуваме преку нашите контакти надвор од нашата држава да се обидеме што е можно повеќе помош да донесеме, рече Мицкоски.

Вели дека во вторникот телефонски разговарал со Јанез Јанша, премиерот на Словенија и претседател на сестринска партија СДС за да помогне на Македонија, да обезбеди помош.

-И тоа 100.000 маски, 100.000 медицински ракавици кои што се неопходни посебно на голораките медицински лица кои што се справуваат со пандемијата. Но тоа нема да застане тука тоа е само првата пратка и самите они го организирале превозот за да навистина го добие призвикот хуманитарен, добро е и тоа да се напомене дека тој превоз тој транспорт на оваа помош ја чини нашата држава нула денари. Тоа е само првата пратка ќе има и дополнителни за некоја недела, појасни Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега