ВМРО-ДПМНЕ: Танчерите Заев и Спасовски предизвикаа хаос во Куманово
Танчерите Заев и Спасовски предизвикаа хаос во Куманово. Додека тие танцуваат со пандемијата, животите на илјадници кумановчани се загрозени. Илјадници стари и изнемоштени, хронично болни и семејства со мали деца беа оставени да се снаоѓаат со храна, намирници и лекови само заради тоа што танчерите решија да ги известат со задоцнување за воведувањето на тридневен полициски час. Заев и Спасовски задлабочени во танцот , заборавија навреме да ги предупредат граѓаните да се подготват и го принудија цело Куманово во неколку часа да излезе на улица со што создадоа услови за масовно ширење на вирусот и ги доведоа во опасност животите на кумановчани, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека Република Македонија нема време за импровизации. Потребна е одговорна економска политика веднаш. СДСМ не ја познава економската логика и ја турка државата кон бездна.
-Десетици илјади работници ќе останат без плата поради квази мерките на Владата, кои имаат за цел да носат политички поени на Заев, ама не и помош на фирмите. Наместо квази мерки. Владата треба веднаш да изврши пренамена на средствата од вториот пензиски столб. Дополнително банките да издадат благајнички записи за државни обврзници. Потребна е брза реакција. Веднаш! Економијата нема време за чекање. Луѓето не се експериментални глувци. Незнаењето на СДСМ создава паника и несигурност кај граѓаните. Аматеризмот не смее да продолжи. Доколку СДСМ не знае, тука сме да помогнеме, потенцираат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа