Заев: Пред 27 години нашата државност, идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност

Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет., напиша лидерот на СДСМ Зоран заев на својот фејсбук профил по повод 27-годишнината од приемот на земјава во Обединетите нации.

-Република Северна Македонија 27 години членка на ООН. На денешен ден се навршуваат 27 години од нашето членство во Организацијата на Обедитените Нации, најголемата и најзначајна светска организација. Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет, пишува заев на Фејсбук.

Ако членството во ООН во далечната 1993 година, како што додава, беше остварување на нашиот државнички стремеж, денес членството во НАТО и преговорите со ЕУ е остварување на нашиот стремеж Република Северна Македонија да биде рамноправен партнер и сојузник на развиениот демократски свет.

-Денес, Република Северна Македонија е признаена и препознаена како слободна, демократска земја – држава пријател на регионот и светот, пишува лидерот на СДСМ Зоран Заев. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега