ВМРО-ДПМНЕ: Владата дозволи 15.000 граѓани од угостителскиот сектор да останат без работа

Залудно Костадин Костадинов лаже од партиската говорница, кога во ек на епидемија Владата на СДСМ дозволи околу 15.000 граѓани само од угостителскиoт сектор да останат без работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на ривалската партија.

„Илјадници граѓани нема да земат плата за март, месец во кој буџетот и економијата сè уште ‘блескаа’, па владата не успеа и покрај предупредувањата да донесе мерки и да ги заштити граѓаните кои сега останаа без работа“, се вели во партиската реакција.

Во неа се додава дека поради рестрикциите на движењето, редовите пред маркетите и банкоматите се сè поголеми, а метеж и турканици има на секој чекор.

„Жителите на поголемите градови велат дека надлежните институции мора да го решат овој проблем, не само вината да ја префрлаат на граѓаните. Најтрагично е што бројот на починати и заболени секој ден се зголемува. Медицинскиот персонал со натчовечки напори се бори за секој живот, но изостанува навремено и обмислено менаџирање со кризата“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека сега не е време СДСМ преку лаги да собира политички поени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега