Концерт на Ансамблот „Танец“ по повод 23. Октомври

Во Музејот на македонската борба – Скопје вечерва Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ ќе има концерт по повод 23 октомври.

Концертот „Песни за јунаците“ е мултимедијален проект со оркестар, пејачи и видеопрезентација. Ќе гостува оркестарот „Чалгии“, а наратор низ приказната ќе биде актерот Роберт Велјановски. Утре одбележувањето продолжува со изложбата „Балканските војни во Македонија-1912-1913“, во организација на Музејот на Куманово. Изложбата ќе биде отворена во 12 часот во Музејот на македонската борба – Скопје.

Во вторник, со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба ќе биде промовирана книгата „Автономистичката ВМРО на Тодор Александров 1919-1924“, од авторот д-р Зоран Тодоровски.

21.10.2013 - 11:09
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега