ВМРО-ДПМНЕ: Почит за новинарите – побрзо закрепнување за новинарот заразен со Ковид-19

ВМРО-ДПМНЕ оддава огромна почит за сите медиумски работници, кои во овие тешки денови се во 24 часовна готовност за навремено да не информираат за состојбите со коронавирусот, кај нас и во светот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Медиумските работници се хероите кои го одржуваат системот во функција.

Му посакуваме на новинарот кај кого е дијагностициран коронавирус брзо закрепнување. На другите новинари им посакуваме добро здравје.

Воедно информираме и дека претседателот Христијан Мицкоски е негативен на коронавирусот, но се наоѓа во самоизолација и така и ќе остане до завршување на периодот од 14 дена.

Сите лица кои имале контакт со него се тестираат и се преземаат сите неопходни мерки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега