Од полноќ поскап бензин и дизел

 

Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата цена на горивата. Од полноќ бензините ќе поскапат за половина денар, а дизелот и екстра лесното за еден денар.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 80 денари за литар. Еуродизелот ќе се продава по 70,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство 59 денари за литар. 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува  40,535 денари за килограм.

 

21.10.2013 - 12:17

најчитано сега