ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на акцизата ќе удри по џебот на граѓаните

Власта нема капацитет да ги заштити граѓаните и да им помогне во оваа криза. Здравството минативе три години е клекнато на колена од коруптивните зделки, а економијата е урнисана и ограбена од криминалците на функции. Граѓаните се оставени сами да се борат, а во целата немаштија, Владата очекува тие да ја плаќаат нејзината неспособност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Состојбата со епидемијата на коронавирусот ескалира. Нашата држава секојдневно ги брои жртвите и новозаболените. Покрај колапсот на здравствениот систем ни се случува и целосен колапс на стопанството, а состојбата од ден во ден е се полоша. Голем број стопанственици се пред одлука дали да ги затворат своите компании кои што со години успешно работеле.  Илјадници граѓани се оставени без приходи и парче леб. Според анкетата која што се појави во медиумите  над 100 илјади граѓани добија привремен отказ, а мерките на Владата не се доволни за да граѓаните ги зачуваат своите работни места. порачуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека мерките на Владата дополнително ќе удрат по џебот на граѓаните.

-Се погласни се најавите дека ќе се зголеми акцизата за нафтените продукти со што директно ќе се зголеми и цената на горивата, на штета на граѓаните. Македонија се соочува со најсериозната криза од осамостојувањето. поради тоа се потребни сериозни мерки, а не гол популизам и политикантство, порачуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега