Јанушев: Лекарите и медицинскиот персонал се хероите од нашето време, без нив борбата со коронавирусот ќе беше веќе загубена

Во моментите кога сме во нашите домови и кога се на сила мерките за превенција од коронавирусот медицинскиот персонал, лекарите, медицинските сестри и болничарите се хероите на нашето време. Без нив – борбата со коронавирусот ќе беше веќе загубена. Тоа се луѓе кои својот живот го ставаат во ризик за да го спасат нашиот, рече на прес конференција Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

„Како земја мора да се издигнеме над секојдневното партиско препукување и да покажеме сериозност исто како што лекарите и сите здравствени работници со огромна посветеност се борат за животите на луѓето. Во таа битка можеме само да помогнеме.

За да помогнеме треба да ги признаеме недостатоците на нашиот систем. Медицинскиот персонал се соочува со недостаток на заштитна опрема. Лекарите и медицинските сестри немаат скафандери и во ек на пандемија со заразна болест се движат како во нормални услови… недостасуваат и визири, ракавици и заштитни маски. Лекарите и медицинскиот персонал се буквално голораки, а нивното здравје е ставено на коцка. Ова не прави ранливи како држава.

Република Македонија има ограничен капацитет на лекари и медицински персонал. Не смееме да дозволиме да продолжи трендот на заболени лекари. Не смееме да се доведеме во ситуација да нема кој да не лечи.

Доколку продолжи растотот на заразени помеѓу докторите, ќе се доведе во прашање функционирањето на целиот здравствен систем и неговото нормално функционирање.

Бараме итно одвојување на фонд од 10 милиони евра кој ќе биде наменет за набавка на заштитна опрема.

Државата да склучи договори со домашните текстилни фабрики кои се соочуваат се откажување на договори за работа и преку нив да се обезбедат 100.000 скафандери, 100.000 визири и 1.000.000 заштитни маски, но и да се направи интервентен увоз на 1.000.000 ракавици. На овој начин ќе се помогне домашната текстилна индустрија, која ќе може да исплати плати, а за лекарите и медицинскиот персонал ќе се обезбеди заштитна опрема по врвен квалитет.

Дополнително, нивото на заштитна опрема мора да се надополнува постојано, се до крајот на кризата“ рече Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2020 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега