ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се гол популизам, над 100.000 луѓе останале без работа

Желбата за собирање на политички поени на СДСМ, без издржани мерки, туку со гол популизам, ја донесе државата во ситуација за еден месец пандемија да има над 100.000 привремено отпуштени работници, велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.

„Квази мерките на власта ги принудија угостителите да одјават над 50% од нивните вработени.

Нина Ангеловска ја разобличи лагата на Заев и кажа дека најавените 14.500 денаро за фирмите се всушност 9.000 денари.

За така скроената мерка за која не можат да се договорат колкав износ ќе има аплицирале стотина фирми. Ова не е помош за економијата, ова е потценување!

СДСМ да ја тргне суетата и надменоста и доколку навистина сака да и помогне на државата да ги примени мерките за економијата кои веќе ги предложивме“ се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега