ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата се несериозно и не значат никаква помош за стопанството

Мерките на владата на СДСМ се несериозни и не значат никаква помош за стопанството, напротив само ќе ја продлабочат економската криза во која се наоѓа држава, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ на изјавите на  Ѓонул Бајрактар и Санела Шкријељ.

„Наместо презентирање на реални мерки за помош на стопанството владата на СДСМ води пи-ар стратегија.

Граѓаните со право се загрижени, нивната животната егзистенција и на нивните семејства е ставена под знак прашалник.

Ситуацијата е алармантна, бројките покажуваат дека дури 20 проценти од граѓаните се соочуваат со привремен отказ и затоа наместо владата на СДСМ да ги убедува граѓаните да не ги потпишуваат спогодбени договори, веднаш да ги преземе сите потребни механизми и да ја спречи оваа ситуација.

Потребен е сериозен пристап и помош за заживување на економијата и стопанството.

Доколку владата навистина сака да помогне и на стопанството и на граѓаните, тогаш без двоумење ќе ги прифати мерките кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предложи“ се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега