ВМРО-ДПМНЕ: 10% од заболените од Ковид 19 се доктори – Филипче да обезбеди фонд за набавка на заштитна опрема

СДСМ ги остави лекарите и целокупниот медицински персонал голораки во ек на пандемија од заразен вирус. Заштитна опрема нема. Доказ за тоа е и фактот дека над 10% од заразените или над 80 лица се лекари. Доколку имале соодветна заштитна опрема, тие нема да биле заразени, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Недостасуваат скафандери, визири, заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција. ВМРО-ДПМНЕ предложи да се обезбеди заштитна опрема за болниците ширум државата, преку формирање на фонд од 10 милиони евра за производство во македонските текстилни фабрики, мерка со која ќе се обезбеди плата за вработените во текстиланата индустрија, но и ќе се обезбедат висококвалитетни заштитни материјали. Очигледно СДСМ не може да излезе од матрицата на суетност и надменост и затоа и овој предлог го игнорира на штета на лекарите, медицинските лица, текстилната индустрија и нивните вработени, порачуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега