ВМРО-ДПМНЕ: Комунална хигиена исфрла шут на дивата депонија Вардариште

Во време кога се достигнува врвот во заразата со корона и кога имаме полициски час во главниот град, комунална хигиена на Петре Шилегов ги труе скопјани, незаконски исфрлајќи смет на поранешната депонија Вардариште, велат преку соопштение од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Фотографиите направени во текот на вчерашниот ден покажуваат дека камионите на комунална хигиена го исфрлаат сметот на територијата на скопско Маџари, поранешно Вардариште доведувајќи го во опасност здравјето на жителите на Маџари, Тријангла и цел Аеродром.

Штитејќи се од корона, неспособноста на Петре Шилегов може да отвори нова зараза во Скопје.

Од фотографиите направени вчера се гледа дека покрај дивата депонија има и мали дечиња со што директно се загрозува нивното здравје и нивните животи. Ова е недозволиво за еден градоначалник и градските служби.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш и неодложно да постапат и побараат кривична одговорност од градот Скопје и комунална хигиена.

Шилегов ветуваше вракање на „стариот сјај“ на Скопје, а она што враќа е бедата на дивата депонија Вардариште. Дополнително наместо градот да штити од диви депонии тој отвора диви депонии.

Фрлањето на смет и создавањето на дива депонија е казниво со закон. Вардариште се третира за дива депонија иако наследи готов проект за нејзино ревитализирање. Полесно беше шутот да го фрли отколку да изгради депонија.

Наместо Шилегов да позира за пи-ар, нека работи за скопјани“ се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега