Велигденска честика на Заев: Значењето на Велигден охрабрува, повторно да победи животот
Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје, наведува претседателот на СДСМ, Зоран Заев во пораката со која во негово и во има на партијата им го честита големиот празник Воскресение Христово – Велигден на сите христијански верници, кои го слават овој ден по Грегоријанскиот календар.
– Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме, истакнува Заев.
Тој во честитака поралува дека значењето на Велигден охрабрува, „заедно да се избориме против невидливиот непријател и повторно да победи животот“.
– Останете дома, заштитете се себеси и своите најблиски. Животот ја победи смртта, Христос воскресе, стои во велиденската честитка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа