ВМРО-ДПМНЕ: Однапред снимените пресови на СДСМ се како сапуница во 1.000 продолженија, мерките на владата се шминка

Како на грамофонска плоча, однапред снимените пресови на СДСМ личат на сапуница од 1000 продолженија. СДСМ не прави ништо што е од помош на компаниите и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес конференција на Фатмир Битиќи.

„ Мерките се така направени да и оние малку компании кои се опфатени не сакаат да ги искористат. Нема соодветна помош за фирмите, освен за 100 тина. 50 проценти од работниците во угостителството се отпуштени. 140.000 работници останаа без работа. 

Граѓаните и фирмите во овие тешки времиња кога се борат да го зачуваат своето здравје се оставени сами на себе.   

Мерките на Владата се само шминка за наводна помош додека во реалноста не се широкоопфатни и корисни. Ваквите несериозни мерки само ја продлабочуваат економската криза и носат сиромаштија и клуч на повеќето средни претпријатија кои се моторот на економијата. 

 

Владата на СДСМ континуирано се служи со импровизации во услови кога е потребна сериозност . Нивната суета и надменост не прави ништо добро и ја носи државата во амбис.СДСМ единствено води грижа за пи ар кампања во услови на криза“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2020 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега