Македонските компании под европскиот просек во користење интернет

Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција ја информираше јавноста дека деловните сујекти во Македонија се под европскиот просек во однос на користењето интернет.

Комората апелира, ИКТ компаниите во земјава максимално да ги користат сите услуги, проекти и иницијативи за развој на секторот, особено владиниот повик за ангажирање странски експерти од областа.

- Анализите покажуваат дека некои сектори, финансиите, банкарството и осигурувањето, го надминуваат просекот во ЕУ кога станува збор за примената на ИКТ, но останатите, особено преработувачката индустрија, далеку заостанува, истакна Лазо Ангелевски и додаде дека нашите луѓе многу почесто купуваат преку пријатели во странство, бидејќи така чувствуваат поголема сигурност, наместо да ги користат интернет опциите.

Во јануари годинава пристап до интернет преку фиксна и мобилна конекција имале 91,5 отсто од компаниите со десет или помалку вработени. Употребата на социјалните мрежи, блоговите и пораталите била застапена кај 36,2 отсто од бизнисот. 

Агендата на ЕУ е до 2020 година во ИКТ секторот да се вложат 11 милијарди евра, а до 2015-та да се зголеми редовното користење интернет на 75 отсто и да се сведат на нула разликите меѓу роаминг и националните тарифи. Целта е воедно да се преполови и населението кое никогаш не користело интернет, од 30 на 15 отсто. 

Инаку, на незавидно ниво се и БиХ, Косово и Албанија. 

21.10.2013 - 12:36

најчитано сега