Прв Велигден без Коби Брајант: Венеса објави видео кое ќе ви изнуди и насмевка и солзи
Ванеса Брајант на почетокот на 2020. доживеа страшна трагедија – го загуби мажот и ќерката во пад на хеликоптер. Сепак, за најголемиот христијански празник, успеа барем на миг да биде среќна.
Коби Брајант со ќеркичката и со седум луѓе загина на крајот на јануари во трагична несреќа, а зад себе ја остави сопругата и три деца Наталија (17), Бјанка (4) и Капри (родена минатата година).
За нив Ванеса како вистинска мајка подготви подароци за Велигден, празник кој оваа недела се прославува според грегоријанскот календар.
Таа ги снимила најмладите деца како со помош на малиот, дрвен чекан ги отвораат подароците во кои се наоѓаат чоколади.
Првпат од смртта на сопругот Ванеса на социјалните мрежи со светот сподели радосни моменти од својот дом кој, како и целата планета, остана во шок кога во јануари беше објавено дека Коби, ќерката Џијана и останатите патници загинаа.
Да се потсетиме, минатата недела Коби Брајант постхумно е вклучен во кошаркарската Куќа на славните, а со него и Тим Данкан, Кевин Гарнет, поранешниот тренер Руди Томјановиќ, поранешната ѕвезда на женската НБА лига Тамика Кечингс, тренерот на женскиот тим Бејлора Ким Мулки, поранешниот тренер на Девизија II Барбара Стивенс, поранешниот тренер на машката Девизија I Еди Сатон и поранешниот директо на FIBA Патрик Бауман.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа