ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е фабрика за пласирање на лажни вести

Со пласирање на лажни вести и клевети не може да се сокрие фактот дека владата на Заев е неспособна, велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.

„Министерот Филипче се обидува да се рекламира со одговарање прашања на стримовите од влада, како да ширењето на вирусот низ земјава е реклама за Топ Шоп производи.

Се споредуваат нелогични бројки во кои што власта сака да прикаже дека имаме најниска заразеност со корона вирусот во регионот и во Европа, кога анализите на милион жители го покажуваат сосема спротивното.

Нашата земја е прва само по бројот на скандали и афери. Први сме и во злоупотреба на кризата за профитерските апетити на функционерите на власт.

СДСМ буквално нема идеја и план што со себе, а на пак со државата.

 

Македонија со секој поминат ден со СДСМ само тоне. СДСМ е партија која ја враќа транзицијата и олигархијата, но овој пат тоа нема да им успее“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега