ВМРО-ДПМНЕ во комуникација со граѓаните: Ситуацијата е очајна, а мерките не се доволни

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија“, до партијата секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Земјоделците се жалат дека зголемувањето на акцизата ќе донесе до зголемување на цените за транспортот, при сеуште неисплатени субвенции дополнително ќе се оптоварат со трошоци, како и тоа дека истата ќе ги зголеми цените на некои производи и ќе биде дополнителен трошок на домаќинствата. Земјоделците предложуват исто така мерки за директна помош на земјоделството и решавањето на проблемот со откупот на веќе стасаните раноградинарски култури, како и да имаат право за време на полицискиот час и за викендите да можат да ги обавуваат земјоделските активности, да можат да се пријавуват и во време на викендите. 

„До ВМРО-ДПМНЕ стигнаа голем број на поплаки од страна на граѓани коишто се принудени да потпишуваат спогодбен прекин на договорите за вработување, тие велат дека се во безизлезна ситуација затоа што нема да можат земат државна помош. Бараат владата да изнајде начин да им се помогне затоа што под прашање е егзистенцијата на нивните семејства.

Сопственик на мал бизнис вели дека нема од каде да остварува приход, ситуацијата е очајна, а мерките не се доволни и оние што се на располагање ќе ја зголемат задолженоста на неговото претпријатие, пари за плати нема, а она што го нуди државата нема да им донесе опстанок на фирмите и на вработените. Тие бараат да се одложат кредитите за компаниите без камата, како и да се предвиди ослободување од отплата на долговите за микрокомпаниите, за да можат да ја преживеат економската криза и да опстојат во стопанството.

Медицинскиот кадар се жали дека сеуште немаат соодветна заштитна опрема, а некаде не ни имаат опрема, па оставени се да се снаоѓаат, или да ја реупотребуваат опремата којашто ја користат, велам материјалот им се брои. Со огромен ризик се соочуват секојдневно во својата работа, а бројот на заразен медицински кадар расте што дополнително е загрижувачки за нив и условите по коишто работат.

Граѓаните посочуваат дека во карантиските центри во коишто се, не се врши тестирање за корона вирусот, туку само се прават епидемиолошки анкети и се држат во карантин, предложуваат да се тестира цел карантин кога има случаи на позитивни на коронавирусот кои се дел од карантинот.

Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите и натаму да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до [email protected].

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега